Коломина во посета на Скопје: во фокусот, состојбите во регионот на Западен Балкан, поддршката за Украина и сложената ситуација на Блискиот Исток

Коломина во посета на Скопје: во фокусот, состојбите во регионот на Западен Балкан, поддршката за Украина и сложената ситуација на Блискиот Исток

пред 6 месеци

Денес заменик-помошникот генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО и специјален претставник на Генералниот секретар на НАТО за Кавказ и Централна Азија, Хавиер Коломина ќе престојува на посета на Република Северна Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Теми на средбата ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, со фокус на состојбите во регионот на Западен Балкан, континуираната поддршка за Украина во контекст на руската воена агресија, како и сложената ситуација на Блискиот Исток, информираат од ресорното министерство.

Текстот Коломина во посета на Скопје: во фокусот, состојбите во регионот на Западен Балкан, поддршката за Украина и сложената ситуација на Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top