Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила е забележана и на дел од граничните премини.
На граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на Богородица за излез од земјава, има зголемено движење на возила. Времето на чекање се движи од околу 30 минути до еден час.
На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност за појава на одрони.
Како делници на кои е потребна зголемена внимателност се посочуваат Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Текстот Колони на границите: до еден час чекање на Табановце и Богородица е превземен од МАКФАКС.





