Комисијата за заразни болести деновиве ќе одлучува дали ќе има нови мерки во пресрет на празниците

пред 3 години

Комисијата за заразни болести деновиве треба да ја анализира состојбата со Ковид-19 и ќе одлучи дали ќе има нови мерки во пресрет на празничните денови.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.

Според неодамнешните изјави на министерот за здравство Венко Филипче, иако состојбата со Ковид-19 се стабилизира граѓаните мора да останат максимално внимателни. Тој во неколку наврати потенцираше дека граѓаните треба максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно треба да бидат внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик.

Според надлежните, вакцинацијата во државава се одвива добро. Се очекува имунизацијата поинтензивно да продолжи да се спроведува по велигденските празници.

Share
Scroll to Top