Костадинов на Летен камп на СДММ: Ослободете се од стегите и борете се за своето место во општеството

пред 3 години

Младите се силата на заедницата и енергенсот кој поттикнува напредок. Тие вклучуваат, ја гарантираат праведноста и ги поттикнуваат позитивните промени во сопствената заедница, порача денес потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на сесијата „Преку младински активизам до нови лидери” на летниот камп на СДММ во Охрид.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Пред присутните тој го потенцираше значењето на младинската будност, посветеноста кон идеалот во кој веруваат и желбата да напредуваат, како индивидуи. Ги повика да излезат од зоната на комфор, да се ослободат од стравовите и да се борат за сопственото место во општеството.

„СДММ е потенцијалот на нашето општество, кој го трасира патот кон развој и европски вредности дома”, порача Костадинов.

Share
Scroll to Top