Костадинов: Одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ

Костадинов: Одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ

пред 2 часа

„По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ“, извести преку социјалните мрежи, Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на Струмица.

„Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.

Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно.

Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ“, додаде тој.

Текстот Костадинов: Одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top