Костадинов прогласи победа во прв круг во Струмица

пред 3 години

Кандидатот на СДСМ, Костадин Костадинов, прогласи победа во првиот изборен круг на локалните избори во Струмица. Како што рече, разликата е во 4.000 гласа, а воедно коалицијата има и мнозинство во Советот.

„Испративме порака до сите како да се може да се води кампања и да се победат избори со над 4 илјади гласови разлика, без притоа да се спомне опозицијата, да се спомне противкандидатот бидејќи на крајот треба и на нив да им служиме. Ова е огромна поддршка која што значи и огромна одговорност. Ме обврзува да бидеме отворени за сите“, рече Костадинов.

Share
Scroll to Top