Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци, велат од СДСМ.
„Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот.
Ова е потврда на се што СДСМ говори.
Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината“.
Според нив, ова е врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните.
„Буџетот го претворија во приватна каса за своите криминални тендери. Продблачочувањето на дефицитот значи само едно – следуваат нови задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги.
Ветуваа дека ќе го намалат јавниот долгот, а наместо тоа за две години го зголемија за над 2,5 милијарди, со што нивото на јавниот долг достигна скоро 11 милијарди евра“.
Вистината, додаваат од СДСМ, е дека овие пари не отидоа ниту за повисоки плати, ниту за мерки за граѓаните, ниту за компаниите, ниту за капитални инвестиции – завршија во криминалните партиски тендери на криминалната ВМРО.
Како што оценуваат од оваа партија, по две години, по сите триумфалистички изјави на ВМРО за наводен економски раст и успешни економски политики, денес, како што велат, вистината сите ја гледаат и чувствуваат. „Со Мицкоски и ВМРО економијата оди кон пропаст“.
Текстот Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии, прашуваат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.






