Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна само Македонија, прашува Филипче

Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна само Македонија, прашува Филипче

пред 3 месеци

Христијан Мицкоски, кој за Вашингтон отиде со пола од неговите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот на НАТО.
Човекот кој жолчно работеше против членството во Алијансата и целата своја политичка стратегија ја базираше на блокада на тој процес, денес без грам срам се однесува како ништо да не било, реагира лидерот на СДСМ, Венко Филипче на најавата на премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон дека со дел од министрите ќе учествува на самитот на НАТО по повод 75-годишнината од формирањето на Алијансата.

„Лицемерието на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски достигнува неверојатни граници. Тој заборави да каже во видеото која земја ќе ја претставуваат со Тошкоски, Мисајловски и Муцунски во Вашингтон, Северна Македонија или како што им ги подгреваа очекувањата на граѓаните – никогаш Северна само Македонија?
Мицкоски да не заборава дека тоа што денес е на најважниот политички настан во светот, а не во некој од месните штабови на ВМРО-ДПМНЕ е благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ, кој тој ги бојкотираше.
Не е далеку денот кога и целосно ќе се накити со перјата во надворешната политика, исто како што тоа го прави со инвестициите кои помпезно ги најавува, а се плод на работата на СДСМ.
Јавноста знае дека СДСМ беше и ќе остане мотор на развојот. СДСМ е партијата која ги реализира визијата и стратегијата на државата, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане опортунистичка партија која ќе кочи се што е во интерес на граѓаните заради тесно политички интерес“, пишува Филипче на социјалните мрежи.

Текстот Која земја ќе ја претставува Мицкоски во Вашингтон, Северна Македонија или никогаш Северна само Македонија, прашува Филипче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top