Крадел од хала во фабрика во Свети Николе

пред 4 години

Со употреба на сила, жител од Свети Николе влегувал и крадел предмети од фабрика во овој град, информира министерството за внатрешни работи.

Според информации од таму, на 06.04.2021, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(20) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“, извршена на 02.04.2021, при што од хала во фабрика во Свети Николе, со употреба на сила влегол и одзел предмети.

Против Н.И. ќе биде поднесена кривична пријава, известува МВР.

Share
Scroll to Top