Крадци сечеле бакарни кабли од мрежата Телеком и предизвикале прекин на интернетот

пред 3 години

Четири лица на возраст од 26 до 36 години биле уапсени на 4 јули од страна на припадници на полициските одделенија од Аеродром и Драчево поради сомнение дека се сторители на тешки кражби.

Како што информираат од МВР, со апсењето на С.Д.(29), Ф.А.(36), Е.З.(49) и С.Д.(26) се расчистени 16 кривични дела, а се работи на документирање на уште 17 кривични дела, за кои исто така ќе има соодветни поднесоци, односно вкупно 33 кривични дела.

Кај уапсените се пронајдени предмети кои потекнуваат од кражбите, меѓу кои електро-мотори, кабли и метални делови, кои се во сопственост на македонски Железници на македонски Телеком.

Со лицата бил извршен службен разговор, при што тие го појасниле начинот на извршување на делата, посочувајќи ги деталите и точните локации, на кои во периодот од 12 мај до 1 јули годинава ги направиле делата, оштетувајќи ја инсталацијата на македонски Телеком, преку оштетување на шахтите и сечење и крадење на бакарни кабли, притоа предизвикувајќи прекин на интернет, ТВ и телекомуникации.

Share
Scroll to Top