Кичевската полиција поднесе кривична пријава против 48-годишниот А.К. од Кичево, поради сомнение дека сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци.
Како што информираат од МВР, тој искористил електронска пошта, сопственост на друго лице и во негово име, без да го запознае и да добие одобрение, склучил договор со правен субјект за подигнување парични средства во вид на кредит.
Откако кредитот бил одобрен, од трансакциска сметка, сопственост на оштетеното лице, кичевецот ги подигнал одобрените парични средства и ги искористил за лични потреби.