Кривична за секретарка во училиште во Куманово, сакала да прикрие 3 дена неоправдано отсуство од работа

Кривична за секретарка во училиште во Куманово, сакала да прикрие 3 дена неоправдано отсуство од работа

пред 3 часа

Полицијата поднесе кривична пријава за секретарка во училиште во Куманово која сакала да прикрие три дена неоправдано отсуство од работа.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа од 05.03.2025 до 07.03.2025, а подоцна вметнала непостоечка документација во деловодникот на училиштето за да го прикрие нејзиното неоправдано отсуство од работа“, соопшти МВР.

 

фото/Depositphotos

Текстот Кривична за секретарка во училиште во Куманово, сакала да прикрие 3 дена неоправдано отсуство од работа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top