Кривична пријава за директорот на Музејот на албанската азбука во Битола, ја злоупотребил службената положба

пред 2 години

Денеска, СВР Битола до битолското јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Н(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по Кривичниот законик.

Според надлежните, пријавениот, во својство на службено лице, директор на Националната установа – Музеј на албанската азбука во Битола, во периодот од 2015 до 2020 година во повеќе наврати постапил спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за музеите и на повеќе физички лица им овозможил незаконски да се стекнат со имотна корист, а со тоа го оштетил буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 4.128.551 денари.

Share
Scroll to Top