Кривична пријава за кавадарчанец – изградил викендичка без дозвола

пред 4 години

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против З.Ј.(46) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од Кривичниот законик. Тој во периодот од 2016 до 2018 година, изградил викенд куќа во место викано „Катуниште“, атар на с.Моклиште, Кавадаречко, без да поседува одобрение за градење на објектот од надлежен орган, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top