При извршена контрола на угостителски објект во Кочани од страна на полициски службеници, по 20 часот биле затекнати неколку лица, а сопственикот не ги почитувал мерките на Владата, односно не го почитувал работното време.
По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.