Кривична пријава против скопјанец поради измама преку социјалните мрежи

пред 3 години

Скопјанец преку социјалните мрежи лажно продавал апарати-бела техника кои што не ги поседувал и при тоа оштетил повеќе лица. На тој начин, тој се стекнал до противправна имотна корист во вкупна вредност од 89.350 денари.

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, за постоење основано сомнение дека пријавениот во повеќе наврати врз повеќе лица сторил кривично дело „измама“.

Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал беа преземени соодветни мерки и активности, како и претрес на домот на осомничениот и по обезбедувањето на доказите и целосното документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело „измама“.

Share
Scroll to Top