Кривична против директорот на кичевското шумско стопанство – дозволил сеча на буково дрво

пред 2 години

Директорот на Шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево З.К. (63) доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Според информациите, на 29.04.2021, во својство на раководител на Шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице, кое без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“. Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ било констатирано дека за склучената спогодба не било дадено овластување од директорот на ЈП„Национални шуми“. Со тоа пријавениот овозможил да биде исечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што е причинета материјална штета од 2.327.500 денари.

Против З.К досега има неколку кривични пријави за истото дело.

Share
Scroll to Top