Кривична против млад скопски разбојник кој за осум часа обил 15 такси возила

пред 3 години

Скопската полиција поднесе кривична пријава против 21-годишниот Р.М. од Скопје, поради сомнение за сторени 15 кривични дела, од кои 11 дела тешка кражба и четири дела тешка кражба во обид, сите во такси возила во главниот град.

Како што информираат од МВР, во периодот од 22 часот на 14 март до 6 часот на 15 март годинава, 21-годишникот извршил 11 кривични дела тешка кражба од такси возила и четири кривични дела тешка кражба во обид од такси возила, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 22.800 денари и причинил материјална штета од околу 76.500 денари.

Од МВР посочуваат дека веднаш по настаните биле преземени мерки и за него била распишана потерница, а на 8 мај годинава тој бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, по што бил спроведен во полициска станица каде што ги признал делата и го појаснил начинот на извршување.

Share
Scroll to Top