Кривичниот суд го одобри обвинението, на Рашковски ќе му се суди за набавките на софтерот и за перење пари

пред 5 години

Кривичниот суд во целост го одобри обвинението поднесено против Драги Рашковски и уште шест лица, поврзано со нелегална набавка на софтвер и перење пари.

Во соопштението се наведува дека обвинителниот акт против седум лица поврзан со нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, од страна на Советот за оценка на обвинител акт е оценет и одобрен во целост.

„Обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на
предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост. По вака одобреното обвинение, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа, странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, е истакнато во соопштението од Киривичниот суд.

Share
Scroll to Top