Струшката полиција поднесе кривична пријава против двете лица на возраст од 38 и 61 години кои палеа душеци на депонија. Делото за кое се гонат е предизвикување општа опасност.
Пред еден месец на Градската депонија во Струга, како што соопшти МВР, пријавените запалија душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици за да ги продадат.
Беа затекнати од вработените во струшката противпожарна единица и пријавени во полиција. Двајцата, според информацијата од август, покрај душеците, топеле и бакарни жици, при што предизвикале пожар.
Текстот Кривични за стружаните кои запалија душеци на депонија за да ги извадат федерите и да ги продадат е превземен од МАКФАКС.






