Кривични пријави за деветмина струмичани поради нелегално тргување со отпад

пред 2 години

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе 4 кривични пријави против А. Ш. (39), Ѓ. Ш. (36), Е. Ш. (37), С. Ш. (30), И. Ј. (44), М. Р. (21), С. Р. (32), Ф. Р. (37) и С. Р. (32), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за нелегално тргување со отпад, односно за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад, казниво според Кривичниот закон.

Осомничените А. Ш., Е. Ш., И. Ј., С. Р. и Ф. Р. во текот на 2019, 2020 и 2021 година откупувале, собирале и складирале секундарни суровини (отпад) и хаварисани возила на повеќе локации во Струмица, кои подоцна ги носеле и им ги продавале на лиценцирани правни лица за откуп на секундарни суровини.

Парите од изршената продажба правните лице ги уплаќале на сметки на осомничените Ѓ. Ш., С. Ш., М. Р. и С. Р., со што осомничените нелегално тргувале со отпад.

Share
Scroll to Top