Кривични пријави за организирање на свадба во Тетовско на која мерките не ги почитувале 110 лица

пред 3 години

Полицајци од Тетово на 4 март упаднале во локал каде се организирала свадба со 110 гости.

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против угостителскиот објект и 35-годишен тетовец со иницијали К.К, поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 4 месецов, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект каде биле затекнати 110 лица кои се забавувале на семејна веселба-свадба.

Од инспектори од Државниот пазарен инспекторат локалот бил затворен, а пријавениот бил уапсен и спроведен во просториите на СВР Тетово.

Share
Scroll to Top