Куршумли Ан прогласен за културно наследство од особено значење

пред 2 години

Владата денеска го прогласи Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење.

„На предлог на Управата за заштита на културното наследство, за Куршумли Ан кој е изграден во средината на ХVI век и кој претставува споменик на културата, се овозможува трајно зачувување во изворна состојба“, се наведува во владиното соопштение.

Исто така од Владата додаваат дека со одлуката ќе се придонесе за ширење на вредностите и значењето на Куршумли Ан, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши, или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик.

Share
Scroll to Top