Лафков: СДСМ лаже дека со Законот за минимална плата не може да се усогласат платите во сите сектори

пред 3 години

СДСМ и владејачкото мнозинство ја лажат јавноста кога зборуваат дека со Законот за минимална плата не може да се врши усогласување на платите во сите сектори.

„ Практично вчера кога се донесуваше Предлог законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата не беше усвоен амандманот на ВМРО-ДПМНЕ со кој што се предвидува усогласување на минималната плата со колективните договори.

Дрска и непримерна е лагата која што беше искажана и овде од говорница и од министерката за труд и социјална политка кога кажа дека со Законот за минимална плата не може да се врши усогласување во сите сектори затоа што тоа е предмет на колективни договори, а крунски доказ за тоа е членот 8 од Законот за минимална плата.

Токму оној закон кој што се менува со предлог за изменување и дополнување на законот за минимална плата во кој што се предвидува дека со минималната плата ќе се изврши усогласување со колективните договори во рок од 6 месеци од донесување на законот за минимална плата кој бил донесен 2012 година со што на овој начин се менува концептот на минимална плата и се лаже јавноста дека со закон за минимална плата се регулира само минималната плата и истата не може да биде искористена за усогласување“ истакна Лефков.

Share
Scroll to Top