Лашкоска: Се реафирмира соработката со Чешката Република во областа животната средина

Лашкоска: Се реафирмира соработката со Чешката Република во областа животната средина

пред 1 година

Денес, заменик-министерката Ане Лашкоска учествува на 3-тата сесија на Чешко-македонскиот заеднички комитет за економска соработка, која се одржува во Прага, Чешка Република.

Во рамките на оваа официјална посета заменик-министерката Лашкоска оствари билатерална средба со заменик-министерот на чешкото Министерство за животна средина, Франтишек Талир. На средбата од двете страни беше реафирмирана досегашната соработка меѓу двете држави во областа на животна средина и се отворија нови можности за нејзино продлабочување, особено во делот на управување со водите, инвентаризација на опасните хемикалии, квалитетот на воздухот и заштитата на природата.

3-тата сесија на Чешко-македонскиот заеднички комитет за економска соработка заврши со потпишување протокол за соработка помеѓу министерката за енергетика, рудатство и минерални суровини, Сања Божиновска, во име на Владата на РСМ, и заменик-министерот за инндустрија и трговија на Чешката Република, Јан Кавалирек.

Текстот Лашкоска: Се реафирмира соработката со Чешката Република во областа животната средина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top