„Очигледно е дека ЛДП директно ги погодува политиките и изјавите на ВМРО-ДПМНЕ кои се одлика на неспособност, незаконитост и неискреност. Ви благодариме што самите го потсетивте народот дека ЛДП е доследна во одбраната на законитоста, животниот стандард, човековите права и граѓанското достоинство“, велат од ЛДП.
„Секогаш кога носите закони спротивни на Уставот — како измените на Кривичниот законик со кои си ја намаливте сопствената кривична одговорност, ЛДП ќе реагира.
Секогаш кога трошите милиони од парите на граѓаните за непотребни работи, додека студентите го чекаат ветеното зголемување на студентскиот оброк, кој поради инфлацијата е заглавен на нивото од 2023 година, ЛДП ќе реагира.
Секогаш кога едно зборувате, а друго правите — додека во фиока ги чувате законите за двојно државјанство на пратениците, укинувањето на банкарските провизии и реформската агенда, ЛДП ќе ги разобличува вашите политики и лаги.
И кога со скандалозни изјави директно го загрозувате менталното здравје и емоционалната состојба на децата и семејствата — нема да молчиме.
Вашите лични препукувања со Жерновски, како и партиските пресметки со СДСМ, се целосно нерелевантни за граѓаните. Од нив народот нема ништо и веќе му е доста од политички циркус финансиран со негови пари.
Извинувањето на министерката и Владата не е избор, туку обврска. Македонија мора да биде уредена европска држава, а ЛДП ќе продолжи гласно и доследно да ги брани европските вредности и интересите на сите граѓани, без исклучок“, се наведува во соопштението на ЛДП.
Текстот ЛДП со директен одговор до ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш ќе реагираме за вашата неспособност, незаконитост и неискреност! е превземен од МАКФАКС.





