Левица: Ветувањата за нови автобуси останаа само празни зборови

Левица: Ветувањата за нови автобуси останаа само празни зборови

пред 5 часа

Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со ветувања за „еко автобуси“, „модерен транспорт“ и „бесплатен јавен превоз“, обвинија од Левица во соопштение.

Од партијата велат дека, и покрај најавите на Данела Арсовска, Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски, Скопје и натаму нема нови автобуси, а состојбата со јавниот превоз е сè полоша.

Во соопштението се наведува дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат го блокирале Советот на Град Скопје и ја саботирале набавката на автобуси, иако тоа претходно го ветувале. Оттаму потсетуваат дека по парламентарните избори во 2024 година, премиерот Мицкоски најавил дека Владата ќе набави нови автобуси кои требало да пристигнат во октомври 2025 година, но по пропаѓањето на првиот тендер бил најавен нов рок.

Од Левица посочуваат дека и вториот тендер, кој го добила унгарската компанија ИКАРУС, пропаднал, што според нив значи дека нови автобуси нема да има ниту оваа година.

Партијата оценува дека поради, како што велат, неспособноста на власта, граѓаните секојдневно се соочуваат со доцнења, нефункционални автобуси и колапс на јавниот превоз, додека, според нив, ЈСП е претворено во „извор за цедење пари кои завршуваат во приватни џебови“.

Текстот Левица: Ветувањата за нови автобуси останаа само празни зборови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top