Левица: Лидерската Заев-Мицскоски ќе биде од корист само ако се договори мaкедонска национална платфрома

пред 3 години

Политичката партија Левица, по повод денешната закажана средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, го потенцира ставот дека таквата средба би имала смисла единствено ако тие конечно се договорат за носење на долгоочекуваната македонска платформа, како пандан на Тиранската, околу која, како што велат од партијата во иднина, би се обединил целиот конститутивен македонски народ.

„Ја истакнуваме суштинската потреба од носење на ваква стратегиска Македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ, од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат нашите државни црвени линии, на внатрешен и на надворешен план а кои ќе пружаат заштита и сигурност на македонските граѓани од великоалбанските и великобугарските национал-шовинистички претензии, кои денес се повампирени поради сервилноста на Владата на Заев“, се вели во писменото соопштение на Левица.

Од таму предлагаа Македонската платформа задолжително да содржи пет точки, кои би се сметале за трајно затворени прашања и прашања кои, во иднина, би биле непреговорливи во процесот на ЕУ интеграции, како и во процесот на создавање на сите идни политички коалициони влади во Македонија, без оглед на тоа кој ќе ги предводи.

Од Левица бараат: Да се гарантира унитарноста на Република Македонија и да се осуетат сите обиди за нејзина идна кантонизација или федерализација, да се потврдат секуларноста на државата и немешањето на верските организации и лидери во политичките прашања, да се гарантира неповредливоста на територијален интегритет на Република Македонија и да се осуети секој обид за иредентизам или сецесија на било кое малцинство, да се гарантира должната почит кон државните симболи и инсигнии (грб, знаме и химна) и да се стави мораториум за преговарање за македонските идентитетски прашања со било кој и било каде (име, јазик, култура, историја, национален), потенцираат од Левица.

Share
Scroll to Top