Левица: Муцунски излажа дека Трамп ќе се премисли во врска со визите за Македонците

Левица: Муцунски излажа дека Трамп ќе се премисли во врска со визите за Македонците

пред 6 часа

Македонија и по седум месеци сѐ уште е на листата од Трамп, од 75 земји за издавање на иселенички визи, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во јануари помпезно најави дека „Македонските граѓани ги очекува позитивно изненадување во врска со визната политика на САД во наредните шест месеци“. Иако овој период е веќе изминат, МНР и Владата во меѓувреме не излегоа со ниту едно соопштение околу темата која самите ја отворија, велат од партијата Левица.

„Очигледно, целата надворешна политика на ДПМНЕ се сведува на слепа надеж дека сервилноста еден ден ќе биде наградена. И покрај постојаното додворување кон американската администрација и некритичкото следење на секоја нејзина политика, Македонија останува на истата листа. Изгледа дека во Вашингтон многу повеќе ја ценат послушноста отколку што ја почитуваат.

Левица го повикува министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, што поскоро да даде објаснување што се случи со најавените „позитивни изненадувања“ и како точно изгледа процесот на соработка со САД со цел овие најави да се остварат, односно до каде е процесот на негова реализација. Доколку одговор од Министерот изостане, ќе стане очигледно дека оваа изјава е дадена единствено со цел да се амортизира можното незадоволство на граѓаните околу одлуката на Стејт Департментот со која Република Македонија беше ставена на листа од 75 земји на чии граѓани е целосно сопрен процесот за издавање иселенички визи.

Во обид да ја претстави Владата како фактор што може да влијае врз одлуките на Вашингтон, Муцунски си постави рок кој самиот не успеа да го исполни. Следниот пат, пред да ветува што ќе направи Трамп, можеби прво треба да провери дали воопшто има влијание врз одлуките што толку самоуверено ги најавува“, стои во партиското соопштение.

Текстот Левица: Муцунски излажа дека Трамп ќе се премисли во врска со визите за Македонците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top