Левица: Осудени и амнестирани криминалци ги распродаваат националните интереси!

пред 5 години

Од партијата Левица реагираат на иницијативата на владата за промена на учебниците.

„Амнестираниот Владо Бучковски, кој од позиција на министер за одбрана, докажано немаше дилема да тргува со воени делови во време на воена криза, деновиве ги надградува националните понижувања, кои секојдневно ги приредува неговата матична партија. Овој докажан криминалец, кому тесна специјалност му е распродажбата на националните интереси, „успешно“ си ја завршува задачата за која е испратен во Софија, како специјален претставник на Македонија“, реагираат од Левица.

„Бучковски најави дека во согласност со усвоената Методологија во спорот со Бугарија, од која јавноста е целосно исклучена, ќе се иницира промена на учебниците не само по Историја, туку и по Географија и Македонски јазик и литература. Овие промени не се мотивирани од желба за поквалитетни знаења, ниту од желба за унапредување на образованието – туку единствено од шовинистичките политики на бугарските власти“, додаваат од оваа партија.

Според нив, уште поскандалозно е што најавите доаѓаат откако министерката Мила Царовска, на средба со Артан Груби, најави измени на учебниците по Географија, без никаква како што велат „транспарентност“, консултација со експерти, или инволвираност на јавноста.

„Со ваквата распродажба, македонскиот народ ги губи сите права да се идентификува себе си како посебен народ, како и правото на државност, а Македонија се сведува на парче земја, територија без идентитет и интегритет“, оценуваат од Левица.

Share
Scroll to Top