Левица со кампања за 16 дена активизам за борба против насилство врз жените

Левица со кампања за 16 дена активизам за борба против насилство врз жените

пред 5 месеци

Жената која е жртва на насилство, доколку не добие соодветна поддршка или разбирање од полицијата, здравствените работници, судството или другите институции, тоа води кон секундарна виктимизација, а жртвата дополнително е загрозена, велат од Левица.

„Важно е институциите и професионалците да бидат внимателни и сензитивни во однос кон жртвите и да им обезбедат потребна поддршка и заштита. Истакнувањето на секундарната виктимизација може да помогне во подигање на свеста и промена во пристапот на системите за поддршка. Оваа власт предводена од ДУИ и СДС целосно потфрла во системот за заштита на жените жртви на насилство, а доказ за ова, за жал се премногу зачестените случаи на фемицид, сексуални напади и семејно насилство изминатиот период. Жените, иако сѐ повеќе се едуцирани и сѐ почесто се охрабруваат да пријават насилство, институциите; обвинителствата, МВР, центрите за социјална работа, па сѐ до Министерството за труд и социјална политика, се оние кои длабоко потфрлаат и има сериозна потреба од едукација за посериозен пристап кон жените кои им се обраќаат во очај. Од работата на СДС како владејачка партија седум години, гледаме тотална негрижа, а тоа го потврдија и забелешки од Извештајот на ЕК. Молкот на одговорните институции е соучество во насилството врз жените. Секундарна виктимизација е соучество на власта преку институциите во насилството врз жените’, пишуваат од партијата.

Текстот Левица со кампања за 16 дена активизам за борба против насилство врз жените е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top