Левица: Со кровно зеленило ќе се отвори простор за нови паркинзи и бетонизација во Аеродром

Левица: Со кровно зеленило ќе се отвори простор за нови паркинзи и бетонизација во Аеродром

пред 4 часа

Левица обвинува дека предложените измени во Општина Аеродром наместо да придонесат за повеќе зелени површини, ќе создадат можност просторот околу зградите да се претвора во паркинзи.

Според партијата, додека жителите на Аеродром секојдневно се соочуваат со недостиг од паркинг-места, општинската власт предлага вистинското зеленило околу станбените објекти да се заменува со кровно зеленило.

Советникот на Левица во Советот на Општина Аеродром, Михајло Димовски, предупредува дека ваквото решение создава услови инвеститорите да го искористат просторот околу зградите за изградба на нови паркинзи, додека зелените површини ќе останат само формално прикажани.

Од Левица оценуваат дека наместо повеќе дрвја, паркови и јавен простор за граѓаните, со ваквите измени се отвора пат за дополнителна бетонизација и заштита на интересите на градежното лоби.

Партијата смета дека Аеродром има потреба од урбанистички решенија кои ќе бидат во интерес на жителите, а не од модели кои, како што наведуваат, овозможуваат манипулации и дополнително уништување на јавниот простор.

Текстот Левица: Со кровно зеленило ќе се отвори простор за нови паркинзи и бетонизација во Аеродром е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top