Лидерска средба во понеделник – Ковачевски најави дека уште утре ќе ги испрати поканите, а ќе се зборува на три теми

Лидерска средба во понеделник – Ковачевски најави дека уште утре ќе ги испрати поканите, а ќе се зборува на три теми

пред 6 месеци

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека утре ќе испрати покани за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Средбата, како што информираше Ковачевски, ќе биде закажана за понеделник.

Ќе се разговара на три теми – евроинтеграцијата, одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик, информираше Ковачевски за време на прес-конференцијата во Владата со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Борел пред Ковачевски истакна дека уставните измени се клучни за продолжување на патот кон ЕУ и треба што побргу да бидат усвоен.

Текстот Лидерска средба во понеделник – Ковачевски најави дека уште утре ќе ги испрати поканите, а ќе се зборува на три теми е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top