Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, информираат од ресорното министерство.
Појаснуваат дека истото откако ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Република Турција.
„Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја“, се истакнува во официјалниот допис од Министерството за правда.
Претходно денеска Министерството за правда од надлежните турски власти побара Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција се’ до завршувањето на постапката.
Текстот Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски е превземен од МАКФАКС.