Лукаревска на средба во Карпош: СДСМ е убедлив фаворит на овие избори

пред 3 години

Маалските средби на СДСМ вечерва продолжија во Карпош каде што заменик-претседателката на партијата Сања Лукаревска, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и кандидатот за градоначалник Душко Весковски се сретнаа со жителите на Карпош 1.

Пред присутните Лукаревска посочи дека Карпош е една од најразвиените општини и пример за домаќинско и одговорно работење, за што, како што кажа, сведочат бројните проекти кои во овие четири години се реализирале преку општинскиот буџет, но и преку поддршка на градската и централната власт.

„Преку програмата ТАВ се инвестира во изградба на Мостот Карпош, што ќе ги поврзува Карпош 4 со Волково, во изградба на улицата Партизанска 2, како и во партерно уредување со реконструкција на пешачка зона и платформата на станбено-деловен комплекс – Порта Влае, што почна на 12 август и ќе заврши во ноември 2021.

Во овој дел од градот инвестиравме и во условите за развој на најмалите. Изградена е градинка со капацитет за 78 деца во Бардовци. Во тек е изградба на градинката Карпош 3, со капацитет од 100 деца. Ја зголемивме енергетската ефикасност во две градинки на територијата на оваа општина, со замена на надворешните прозорци и врати во градинката Мајски цвет и замена на нееколошкиот систем за греење во градинката Пролет“, порача Лукаревска.

Осврнувајќи се локалните избори заменик-претседателката на СДСМ посочи дека на овие локални избори партијата излегува со чесна понуда.

 

Share
Scroll to Top