Триесетгодишен турист од Украина е приведен од полицијата поради напад врз сопственик на хостел.
Како што информираа од полицијата, на нападот претходело недоразбирање.
Нападнатиот сопственик е 64-годишен скопјанец со иницијали Б.С., велат од МВР.
Сочинет е записник за констатиран прекршок против јавниот ред и мир.