Маж пронашол над 100 куршуми, рачни бомби и пушка додека си го реновирал кровот на неговата куќа во Вевчани

пред 3 години

Охриѓанец пријавил дека нашол голема количина на оружје и муниција додека си го реновирал кровот во неговата куќа во Вевчани.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што соопшти полицијата, В.М.(46) од Охрид, со живеалиште во Скопје, пријавил дека при реновирање на кровот во неговата куќа во Вевчани пронашол 106 куршуми за карабин, 4 рачни бомби, една кутија со барут и 33 капсули за ловечка пушка.

Увид на местото извршиле полициски екипи, а пронајдените предмети се безбедно подигнати од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Share
Scroll to Top