Маж се задушил до смрт во подземен резервоар за вода

пред 3 години

Жител на с.Колари починал откако се задушил во подземен резервоар за вода во неговиот двор.

Случајот го пријавил Л.Џ. од с.Зајас, кој го забележал истиот паднат и без знаци на живот.

Од полициски службеници е излезено на лице место и констатирано е дека А.З. вчера околу 16 часот влегол во подземен резервоар за вода во неговиот двор, но поради недостаток на кислород дошло до задушување. Од екипа од медицински центар Кичево констатирана е смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Share
Scroll to Top