Македонија и Мавровското езеро оваа година ќе бидат домаќини на Светско првенство во риболов на крап, едно од најзначајните натпреварувачки случувања во спортскиот риболов на глобално ниво, соопшти Македонската риболовна федерација.
Како што наведуваат од Федерацијата, станува збор за историски момент за државата, бидејќи досега не oрганизирале спортски настан од вакво ниво и обем, со учество на екипи од околу 30 држави, како и присуство на меѓународни медиуми и светски риболовни организации.
По тој повод, во просториите на Националниот парк Маврово во Маврови Анови, ќе се одржи потпишување на меморандум за соработка помеѓу Македонската риболовна федерација, Општина Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово. Овој настан, како што информираат од Федерацијата, ќе претставува и прв промотивен чекор поврзан со организацијата на светското првенство.
Текстот Македонија домаќин на Светско првенство во риболов на крап – екипи од 30 држави доаѓаат во Маврово е превземен од МАКФАКС.





