Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите други: Силјановска-Давкова за македонско-бугарското прашање

Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите други: Силјановска-Давкова за македонско-бугарското прашање

пред 7 месеци

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова порача дека и за нас треба да важат истите критериуми за влез во ЕУ како и за дригите земји.

Според неа, Европската Унија е единство на различности, а ние како мала земја заслужуваме да бидеме почитувани како и сите други.

Претседателката со реакција дека нејзиното барање за гаранции од италијанскиот претседател Серџо Матарела за нашиот пат во Европската Унија, дадено за време на посетата на Ватикан, била „формулација што не беше баш како што треба пренесена“.

„Првин да ви кажам дека тоа е една формулација што не беше пренесена баш како што треба. Кога јас зборував за гаранции со господинот Матарела, миселв на оние што посегаат по вето. Мислев, пред сè, дека ако ние веќе не знам колку пати сме го менувале Уставот и повторно сме се соочувале со нова промена, крајно време е да знаеме дека ова што ќе се случува од страна на Бугарија е барање со кое може да се остави простор за вето поврзано за Копенхашките критериуми, меѓутоа не за прашања што се поврзани за идентитет, за историја“, потенцира претседателката.

„Впрочем, јас денеска немам можност, но и во договорот за ЕУ, особено во преамбулата, и во Лисабонскиот договор и во Повелбата за фундаменталните права, јасно е посочено дека ЕУ е единство на различности и дека ги прифаќа идентитетот, интегритетот, особено културниот и националниот идентитет како нешта за кои не се разговара. Ние во поглед на многу прашања и многу критериуми сме биле исклучок. Крајно време е да се стави крај на тоа. Ние сме мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите други“, децидна е Силјановска-Давкова.

Текстот Македонија е мала држава, но мислам дека заслужува да биде почитувана како и сите други: Силјановска-Давкова за македонско-бугарското прашање е превземен од МАКФАКС.