Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025–2027 година

Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025–2027 година

пред 2 години

За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година, информираат од МНР.

„На гласањето, кое се одржа денес во Хаг, нашата кандидатура освои 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места“, се истакнува во соопштението.

Министерот Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека овој реизбор е потврда за нашата посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје, како и за нашата активна улога во поддршката на целите и принципите на Организацијата.

„Во следниот период, остануваме целосно посветени на зајакнувањето на меѓународната безбедност и примената на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје“, заклучи Муцуски во својата објава.

Текстот Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје за периодот 2025–2027 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top