Малолетник на електричен тротинет тешко повреден по судир со автомобил

пред 3 години

Во попладневните часови на 24 мај на крстосницата од улиците Саса и Јабланица во населба Пинтија, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б. (47) од Скопје и електричен тротинет „хамачи“ управуван од малолетник од Скопје.

По незгодата малолетникот бил итно пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top