Малолетник со автомобил усмртил пешак во Скопје и избегал

пред 4 години

Седумнаесетгодишник со автомобил прегазил пешак во Скопје кој починал на самото место.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, кога автомобил „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Скопје, удрил во пешакот С.С.(38) од Скопје.

Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот избегал, но набргу потоа бил пронајден.

Share
Scroll to Top