Малолетничка од Кочани тешко повредена откако непознато возило удрило во неа и побегнало

пред 2 години

Непознато патничко возило удрило во малолетен пешак во Кочани и побегнало од местото на несреќата, соопшти полицијата.

Имено вчера во 17.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ непознато патничко возило удрило во малолетен пешак од Кочани и го напушило местото на несреќата.

Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кочани и се работи на расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top