ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон новата програма на СДСМ, оценувајќи дека таа е „без суштина“ и изработена од лица кои, како што наведуваат, немаат допир со реалноста.
Во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на партијата, се посочува дека програмата била подготвена по насока на ПР-тимот, и покрај тоа што СДС до пред две години биле на власт цели седум години.
„Од тие седум години, Филипче пет години беше министер, по што остана запаметен – сите знаеме по што“, стои во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека концептот на програмата е „празен“ и дека не нуди реални решенија за граѓаните. Како пример ја наведуваат мерката за скратена работна недела, за која велат дека е без конкретна содржина.
„Ова не е нова мерка, туку практика што веќе ја видовме додека беа на власт“, наведуваат од партијата, додавајќи дека државата има потреба од работа, труд и посветеност, а не од, како што велат, „празни флоскули и демагогија“.
Во соопштението се додава дека граѓаните го препознаваат тоа, поради што, според ВМРО-ДПМНЕ, сè повеќе луѓе се дистанцираат од СДСМ.
Текстот Манасиевски: Филипче по насока на пи-ар шефот Башановиќ спремил програма на СДС е превземен од МАКФАКС.





