Маричиќ: Би можеле да ги завршиме преговорите до крајот на оваа декада, шансата е сега

пред 2 години

Вицепремиерот Бојан Маричиќ е убеден дека Македонија може да влезе во ЕУ ако го прифати францускиот предлог и ги почне веднаш преговорите.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

-И Србија и Црна Гора имаат слични преговарачки рамки. Тие преговараат повеќе од пет години и јас мислам дека би можеле и ние да ја завршиме домашната задача до крајот на оваа декада. Шансата е тука и не треба да ја пропуштиме – рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници посветена на разгледување на последниот француски предлог.

Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, а ВМРО-ДПМНЕ изнел и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.

– Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, односно постои желба да се разговара на оваа тема, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот посочи оти ги објасниле механизмите за заштита на нашиот национален идентитет пред пратеничките групи.

– ВМРО-ДПМНЕ изнесе ставови кои ние веќе сме ги разговарале и во преговарачкиот процес, мислам ако продолжиме со разговори може да се надеваме на некакво поместување. Самиот факт што сме тука и ги отворивме ставовите, имаше и предлози од Павле Трајанов, имавме активно учество и од ДУИ и од Алијанса за Албанците, како опозициска албанска партија и мислам од сите актери имаше атмосфера во која треба да се продолжат разговорите – додаде тој.

Share
Scroll to Top