Маричиќ во Париз: Ако ЕУ не одговори на нашиот повик, полза ќе имаат оние што го негуваат рускиот наратив

пред 2 години

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествува на регионалниот настан во рамки на иницијативата „Балкански дијалози“ во организација на францускиот Сенат, на која потенцираше дека сега е вистински момент Европа да го направи потребниот чекор за зачувување на вредностите кои се темел на Унијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Војната во Украина е последен повик за Европската Унија и нејзината политика за проширување со земјите од регионот, а за тоа е потребно силно лидерство и политичка одлука, која нема да се бирократизира“, рече вицепремиерот на регионалната иницијатива, чиj домаќин е францускиот Сенат.

Маричиќ пред присутните истакна дека оваа година е клучна за дефинирањето на политиката за проширување, од која регионот очекува придвижување на процесот на евроинтеграции и потврдување на неговата европска иднина.

„Ако Унијата не одговори на овој повик и Северна Македонија и Албанија не добијат датум за почеток на преговорите, тогаш цел Западен Балкан се остава на страна, без јасна перспектива и со можност за други надворешни влијанија“, посочи вицепремиерот.

Според него, тоа не е во интерес на проевропските влади, туку е во полза на оние кои, како што рече, го негуваат рускиот наратив дека ЕУ е неуспешна приказна и истакна дека одолговлекувањето и одложувањето на одлуките не дале ништо позитивно.

„Верувам дека Европа ќе ја покаже нејзината најголема сила, а тоа е нејзиното единство, и ќе докаже зошто е глобален лидер, со пресврт во евроинтеграцискиот процес, кој веќе е неодложен“, истакна вицепремиерот.​

 

 

Share
Scroll to Top