Досега нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада, рече денеска првиот вицепремиер задолжен за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ.
Очекува таа да остане до крајот на мандатот, односно до почетокот на изборите.
Според него, веќе е одржана една седница и конституирани се владините тела.
Се очекува во вторник да има можеби повеќе од една седница и да биде усвоен законот за рестриктивни мерки, истакна Маричиќ по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Текстот Маричиќ: Досега нема никакви проблеми во функционирањето на техничката Влада е превземен од МАКФАКС.