Марјан Забрчанец именуван за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи

пред 2 години

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата.

Share
Scroll to Top