Маските стануваат задолжителни на отворено, Собранието ги изгласа законските измени

пред 4 години

Собранието вечерва со 53 гласови за, 26 воздржани и ниту еден глас против, ги изгласа измените во Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се овозможуваат новите заштитни мерки против Ковид-19.

Станува збор за повеќе мерки, меѓу кои и задолжителното носење заштитни маски или заштитна опрема секаде при престој на отворено, како и забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи. На семеен настан во eден стан да може да се примат најмногу четворица луѓе, а ќе се забрани и групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22:00 часот.

Министерот Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени произлегуваат од се поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болниците, како и поради искуствата и спроведувањето контрола од претходно пропишаните превентивни мерки.

 

Share
Scroll to Top